Интимна исповед на Трир: Сакам да најдам спокој

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Ларс фон Трир се враќа на Кански филмски фестивал по седум години пауза. Тој беше прогласен за „персона нон грата“ откако во 2011-та година на прес конференција кажа дека сочувствува со Хитлер. Секако дека режисерот ова го кажа во шега, но строгите правила на Кански го банираа неговото учество. По „Меланхолија“, сега се враќа со новиот филм „Куќата што ја изгради Џек“. Режисерот е познат по зависноста од алкохол, но и анксиозноста која го следи со години. Тој во интервју за „Луизијана канал“ вели дека не се чувствува добро, и дека зависноста од алкохол не може да ја надмине. Признава дека сака да најде спокој.

 

Во однос со скандалот на Кански филмски фестивал Трир вели:

„Ако се збори за целата таа афера со Хитлер, за која сакам да кажам само малку, ја гледавте прес конференцијата, и мислам дека беше уништена од модераторот. Тој не ми дозволи да се доискажам и да го исчистам својот „образ“. Секако дека не сум Наци. Сакам да кажам дека не оправдувам ниту една акција на Хитлер. Ми се одвраќа од неговата бездушност и бруталност. Тој е безвреден“, вели Трир во интервјуто за данската телевизија.