Интимната, но гламурозна прослава на роденденот на Карлеуша: Облечена скокна во базен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Jелена Карлеуша вчера го прослави својот 43 роденден, само што овој пат се одлучи за поинтимна прослава, без помпа. За среќа на нејзините верни придружници, таа ги „почести“ со фотографии од интимната прослава што ја организираше на нејзиниот базен.

Јелена носеше костим за капење кој ги истакна нејзините облини, над кои носеше светло синa наметка со многу детали од тул.

Карлеуша позираше во дворот на семејната вила на Дедиње, каде можеше да се види дека се спремила за оваа прекрасна ноќ што ја прослави со своето семејство во поинтимна атмосфера, но не помалку гламурозна отколку што сме навикнати.

Таа сподели фотографии од роденденска торта со сирена, но и фотографии од базенот каде може да се види како ужива.

Таа им се заблагодари на сите за честитките.

Слични содржини