Инцидент во Вестминстерската сала: Маж се проби низ толпата и го зграби ковчегот на кралицата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Оддавањето почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала, за жал, не помина без инциденти.

Имено, непознат маж ги вознемирил сите насобрани и ожалостени лица кога дошол до ковчегот на кралицата преку линијата и се обидел да го зграби, пишува „Дејли Мејл“.

Тој успеал да го фати официјалното знаме на кралицата на ковчегот, по што веднаш бил отстранет од просторот и соборен на земја од обезбедувањето.

Еден од сведоците рече: „Го видовме во редот и цел ден беше сам. Кога влеговме во салата, бевме на врвот од скалите кога го видовме инцидентот. Една жена врескаше кога тоа се случи, што беше доста вознемирувачко“.

Полицијата веднаш го привела мажот, а против него ќе биде поднесена тужба.

Слични содржини