Инвестициски план до 2027 година вреден осум милијарди евра, најави Заев

од Берта Китинска
383 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека Владата да инвестираат над 8 милијарди евра преку Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година.

-Давање на зимскиот центар Попова Шапка под концесија од 99 години на позната европска компанија, изградба на дистрибутивен центар на Лидл во Скопје и отворање повеќе маркети на овој познат малопродажен синџир, 30 нови инвестиции во економските зони, изградба на нови фабрики, патишта, гасни централи, фотоволтаици се дел од проектите кои во наредните години треба да ја преобразат македонската економија, да отворат нови работни места и да го зголемат домашниот бруто производ. За таа цел до 2027 година ќе се инвестираат над 8 милијарди евра, најави Заев на која го претстави Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година.

Повеќе од половината, или над 4,2 милијарди евра се странски инвестиции или грантови од Европската унија преку инвестицискиот план за развој на Западниот Балкан, додека околу 3,8 милијарди евра ќе бидат домашни, државни средства.

„За ефикасна реализација на Интервентниот план за инвестиции ќе се формира посебна единица за следење на инвестициите“, рече Заев додавајќи дека уделот на државата во овој план е усогласен со Фискалната стратегија и со другите документи. Зборувајќи за определбата на државата кон чиста енергија Заев рече дека граѓаните треба да знаат дека тоа ќе чини пари, посредно најавувајќи дека во наредните години ќе се зголеми цената на електричната енергија, но додаде дека ќе се изработат програми со кои ќе се помогнат социјално ранливите категории граѓани.

Слични содржини