Иран: Фахризадех убиен од пушка, управувана од сателит

од Nikola Popovski

Атентатот врз водечкиот ирански нуклеарен научник минатиот месец бил извршен од далечина, со помош на вештачка интелигенција и автоматска пушка опремена со „паметен систем контролиран од сателит“, цитирал воениот командант на новинската агенција Тасним.

Иран го обвини Израел за убиството на Мохсен Фахризадех, кого западните разузнавачки служби го сметаа за креатор на тајната нуклеарна програма на Иран.

Израел не ја потврди, ниту негираше одговорноста за неговиот атентат, но во минатото призна дека водел тајни операции за собирање разузнавачки информации за иранската нуклеарна програма.

Иран даде контрадикторни детали за смртта на Фахризаде, кој беше усмртен при заседа поставена на 27 ноември на автопат недалеку од Техеран.

„Немаше терористи на теренот…Фахризадех возеше (автомобил) кога оружје со напредна камера го зумирало“, изјавил за Тасним, Али Фадави, заменик командант на иранската револуционерна гарда, пренесе Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Пушката била поставена на камион,  управувана со сателит“, соопштил тој.

Фадави го изјавил ова откако иранските власти објавиле дека влегле во трага на атентаторите, иако сè уште нема апсења.

Набргу по убиството на Фахризадех, очевидци за државната телевизија изјавија дека камион експлодирал пред група напаѓачи да отворат оган кон неговиот автомобил.

Слични содржини