Иран го забрани шетањето кучиња на јавни места

од Vlatko K
100 прегледи
  Иранските власти го забранија шетањето кучиња на јавни места во главниот град Техеран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Шефот на полицијата на Техеран, Хусеин Рахими, денес за иранската новинска агенција „Клуб на млади новинари“, изјави дека оние кои ја кршат забраната, ќе бидат казнети.

Нагласи дека шетањето на кучињата на јавни места, како што се парковите и другите јавни површини, предизвикува страв кај луѓето.

Сепак, Рахими рече дека превезувањето кучиња во возила нема да биде забрането.

Главниот обвинител на покраината неодамна ја донесе забраната во источното подрачје на Техеран, Лавасан, каде што жена беше нападната од куче.