Иранските парламентарци критикувани заради селфи со Федерика Могерини

од desk2
72 прегледи

Членовите на иранскиот парламент се доведоа во незгодна ситуација поради чудно однесување во присуство на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија Федерика Могерини која престојуваше во Иран поради инаугурација на новиот претседател Хасан Рохани, каде се најде во центар на внимание во парламентот.


Фотографиите покажуваат како Могерини е окружена со многубројни членови на парламентот, кои се фотографираат со неа.

На социјалните мрежи има многу критики на однесувањето на парламентарците, додека многумина користеа и епитети како понижувачко однесување на одговорните луѓе од една држава.

Еден член на парламентот, Алиреза Салими, рече дека  оваа ситуација личи како Иран да се „предал на Западот“.

На Twitter има фотографии кои го споредуваат однесувањето на иранските парламентарци на пример со сцена од филмот „Малена“ кога ку мажи подаваат рака да и запалат цигара на Моника Белучи.
На друга се споредени со седумте џуџиња околу Снежана.

Хесам Ашена, советник на петседателот, вели дека ова е културолошки, а не политички прблем и дека треба сериозно да се поразговара со секој член на парламентот.


Садех Карази, советник на поранешниот претседател Мохамад Катами, вели дека сите членови на иранскиот парламент треба да поминат курс за однесување и универзални морални вредности.

Могерини, која изгради поблиски врски со ЕУ и Иран, даде изјава по повод посетата, но не ја коментираше оваа ситуација.