Ирина Шајк блесна на премиерата на филмот на нејзиниот сакан Бредли Купер.

На црвениот тепих во Венеција, убавата Русинка дефилираше во златен фустан кој ја истакнуваше нејзината фигура. Креацијата е дело на Донатела Версаче, која ја придружуваше на настанот.
Додека Ирина заведуваше во златно, 63-годишната дизајнерка носеше црвена креација.


