Ирска: Лекарите се борат за живот на бебе заразено со корона, старо е само три недели

од Stefanija Kuzmanovska

Бебе од Ирска, старо само три недели, заврши на одделот за интензивна нега откако неговата состојба се влошила поради инфекција со коронавирусот.

Засега е непознато дали станува збор за девојче или момче или како бебето било заразено со вирусот.

Министерот за здравство Робин Свон не сакаше да коментира за овој конкретен случај, но истакна дека сите млади треба да бидат внимателни.

– Вирусот не ги гледа годините, полот, религијата, политичките убедувања, затоа постои вакцина и ги повикувам луѓето да дојдат и да се вакцинираат – изјави министерот за Би-Би-Си.

Експертите претходно уште еднаш предупредија дека коронавирусот може да зарази и млади луѓе, а симптомите кај децата можат да бидат различни.

Слични содржини