Исчезна лекарот кој го лекуваше Навални, потрагата е во тек

од Vladimir Zorba

Сибирскиот лекар кој го лекувал затворениот опозиционер Алексеј Навални исчезна, соопшти денеска руската полиција.

Полицијата во регионот Омск, која е оддалечена 2.200 километри од Москва, соопшти дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловечката база во шумата со теренско возило и дека оттогаш не е виден.

Се вели дека службите за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и волонтери на терен се вклучиле во потрагата.

Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде се лекуваше Навални, најистакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Потоа беше унапреден во позицијата регионален министер за здравство.

По напнатите преговори со властите, Навални беше префрлен со хеликоптер во Германија на понатамошно лекување. Тогаш лабораториите потврдија дека Навални е отруен од Новичок со советско потекло.

Кремљ во повеќе наврати ја отфрла секоја сугестија дека руските власти се обиделе да го убијат Навални.

Слични содржини