Исчезна малолетничка од Белград, мајката се сомнева дека е киднапирана

од Nikola Popovski
412 прегледи

Српските медиуми објавуваат дека денеска 17-годишно девојче од Белград исчезнало околу 13 часот. Малата Сара Петровиќ последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ во главниот српски град.

Нејзината мајка во солзи изјавила дека само сака да си го најде детето што поскоро и дека мисли дека Сара е киднапирана.

-Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забава во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив , одговори некој, слушнав врева во автобусот, но нејзе не ја чув. Не знам што се случи. Што ако моето дете е киднапирано? Се јави таткото, мојот поранешен сопруг, тој реагираше побурно. Таа одговори и рече дека се враќа накај мене, но оттогаш ја нема. Мислам дека беше принудена да се јави. Постојано е на телефон и ја бараа многу луѓе – невозможно е никому да не одговори. Телефонот и е вклучен, одам во станица за да ја лоцираат. Ги молам сите да помогнат, ако ја видите, кажете ми, ве молам, изјавила расплаканата мајка за српски „Телеграф“.

Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи, а има тенка градба. Беше облечена во црно и носеше црн ранец, стои во објавите кои веќе се споделуваат по социјалните мрежи.

Слични содржини