Исчезна спомен-плочата на Дејвид Боуви во Берлин

од desk3
89 прегледи

Германската полиција денеска започна истрага за исчезнувањето на спомен-плочата на британската музичка легенда Дејвид Боуви, што беше поставена неодамна во Берлин во сеќавање на трите години од животот што пејачот ги мина во главниот град на Германија.

7082488-4x3-940x705

Како што јави ДПА, плочата беше поставена минатиот месец на зградата во берлиснката населба Шонеберг, во која Боуви живеел од 1976 до 1978 година.

За време на престојот во Берлин, Боуви ги сними албумите „Lost“, „Heroes“ и „Lodger“.

Дејвид Боуви почина во јануари фодинава на 69-годишна возраст./MИА