Исхрана која го поттикнува растот на косата

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Сите сакаме бујна коса, но широк спектар на фактори, од генетика до хормони до исхрана, одредуваат колку брзо расте вашата коса.

„Здравата исхрана и здравата коса одат рака под рака. Во двата случаи, внесувањето доволно протеини со фокусирање на здрава растителна храна ќе ви помогне да ги добиете хранливите материи, антиоксиданси во антиинфламаторните соединенија поврзани со поздрава коса“, вели нутриционистот Саманта Касети.

Со други зборови, исхраната богата со витамини и минерали помага во растот на косата и гарантира дека ќе избегнете опаѓање на косата поврзано со недостаток на хранливи материи.

„Колку вашата коса ќе биде здрава зависи од одредени хранливи материи, како што се протеините, биотинот, витаминот А и витаминот Ц“, додава Касети. „Железото и омега-3 масните киселини се одговорни за растот на косата“, додава таа.

Доколку чувствувате дека ви паѓа косата повеќе од вообичаено или дека едноставно не ви расте толку брзо како што би сакале, најдобро е да се консултирате со експерт. Во меѓувреме, можете да се обидете да додадете повеќе храна за потикнување на косата во вашето мени.

Според диететичарите, тоа се јогурт, јагоди, пршута, лосос, сардина, јајца, леќа, тофу, наут, туна, црвено месо, јаткасти плодови и семки.

Слични содржини