“Носеа ножеви, долги околу 35 см . Само одеа по улицата и прободуваа кој ќе стигнат кој ќе им падне “, така сведок на масакрот во Лондон го опишува хорор, на кој бил сведок.
“Видов како прободуваат сосема млада девојка во градите, а потоа таа падна на земја и така си остана да лежи во локва крв, никој не смееше да и се доближи да ја спасува “, открива тој.
Друг маж кој бил во бар во близина, раскажува: “Околу десет часа внатре влезе окрвавена жена која врескаше очајно за помош. Од враот а нејзин буквално прскаше крв. Се гледаше дека некој се обидел да ја заколе. ” 
Друг очевидец раскажува за BBC како во обидот да спаси невини луѓе фрла по терористите пивски чаши, шишиња и бар – столици – буквално она што ќе му падне. “Се обидував да спасам што повеќе луѓе, во тој момент не сфатив дури што правам. Бев незаштитен, ако бев паднал, сакаа да ме убијат, раскажува тој – знам дека изгледа глупаво, но се обидуваат да спасат што повеќе животи.
До овој момент полицијата во Лондон утврдила дека една група е одговорна за теророт ноќеска во англиската престолнина. Тие патувале во еден автомобил, а потоа излегле, почнале да рушат газат по лондонскиот мост и да ги напаѓаат луѓето со ножеви.
Сите набргу биле убиени од полицијата.
Бројот на повредените се зголемува во терористичкиот напад во Лондон