Исклучително важно е Грција да остане во еврозоната, изјави Белата куќа

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска  имале телефонски разговор и се согласиле дека е “исклучително важно” да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа, пренесува “Ројтерс”.

наис

“Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и ќе останат во тесна врска “, се вели во соопштението на Белата куќа. “Двајцата водачи се согласија дека е исклучително важно да се вложат сите напори за да се најде начин, кој ќе и овозможи на Грција да ги продолжи реформите и економскиот раст во рамките на еврозоната. “Министерот за финансии на САД Џек Лиу  ги повика европските министри за финансии и Меѓународниот монетарен фонд да продолжат да работат заедно за едно “одржливо решение” за спроведување на реформи во Грција и нејзиното враќање во рамките на еврозоната. Лиу во саботата разговарал по телефон со неколку високи функционери, вклучувајќи министрите за финансии на Германија и Франција и директорот на ММФ Кристин Лагард.. Во овие разговори тој рекол дека е “важно сите земји да продолжат да работат за постигнување на решение, вклучувајќи дискусии на потенцијално простување на долгот на Грција, за време на подготовките за референдумот на 05 јули “.

Во следнава неделата Грција официјално објави воведување на банкарски одмор и контрола на капиталот. Во своето обраќање пред нацијата премиерот Алексис Ципрас изјави дека активностите на Европската централна банка ја принудиле грчката државна банка да препорача мерки.Првата е од утре банките во Грција се затоврени цела недела а банкоматите празни.

Слични содржини