Никогаш не сум изневерувал, не гледам смисла во тоа. Кога се оженив без пресреќен. Мојата сопруга беше преубава, имаше смисла за хумор, постојано се смееше. Бевме навистина среќни, ја почнува својата исповед еден маж, кој ја оставил сопругата и децата за 10 години помлада жена.
Иако звучи како клише, кога се родиле децата, се се променило во нивниот однос.
„Мојата поранешна сопруга е прекрасна мајка, пожртвувана, грижлива, се би направила за своите деца, но јас станав вишок во таа приказна. За мене никогаш немаше доволно време, ни внимание и почнавме да се оддалеќуваме. Грижата за децата исцрпува, па и она малку време што го поминувавме заедни, не беше како порано, во разгвоор, секс или излегување. Слободен викенд без деца беше невозможна мисија, а и преголем стрес за неа да не ги види децата два дена. Не ми паѓаше на памет да ја оставам, се надевава дека децата ќе потпораснат и ќе имаме повторно време за нас“, вели тој.
Сепак на работа запознал 10 години помлада жена. Била убава, паметна и природна, и кликнале на прв поглед. Година и пол биле пријатели, а една вечер со алкохол си го направила своето.. Сепак, таа врска не траела долго затоа што новата врска боледувала од анксиозност и тоа било тешко да се усклади со нивните потреби, појаснува тој.
Заклучува дека одлучил да ја раскаже својата приказна за на другите жени да им даде пример дека не треба да ги заборават своите сопрузи, дека токму емоционалната приврзаност која преминала во оддалеченост го навела да падне во прегратките на друга жена.