Исламска држава најави напад на Светското првенство во Русија

од desk2
67 прегледи

Терористичката група Исламска држава објави застрашувачка закана со која најави напад на Светското првенство во фудбал во Русија кое ќе се одржи следното лето.

Терористите објавија фотографија на која се гледа вооружен член на оваа организација со автоматска пушка, а покрај него се наоѓа бомба.

На фотографијата стои и опис: За непријателите на Алах во Русија, се колнам дека ќе ве запали огнот на муџахид. Само почекајте“, стои во пораката.

Објавена е и фотографија од аргентинскиот репрезентативец и фубалер на Барселона Лионел Меси, кој крвари од едното око и носи затворска облека.

Оваа закана пристигна нешто пред доаѓањето на Аргентинците на мини турнеја во Русија, каде ќе се игра на еден стадион кој е мета на ИД.

Вториот најголем руски град, Санкт Петербург, беше мета на ужасниот напад на ИД кога експлодираше бомба сместена во актовка. Во тој напад загинаа 14 луѓе.