Исламска држава со закани за фудбалерите: Меси е мртов, на ред е Нејмар

од desk2
82 прегледи

По неодамнешните шокантни фотографии поврзани за Светското првенство во Русија, терористичката група Исламска држава уште еднаш ја запрепасти јавноста.

Имено, графичкиот тим од оваа група направија слика на која се гледа како Лео Меси и Нејмар се заробеници на еден терорист. Притоа Аргентинецот е веќе убиен, а Бразилецот ја чека својата егзекуција.

На Светското првенство во Русија се очекува да пристигнат стотици илјади навивачи наредното лето, а тамошните власти ќе ги преземат сите мери на безбедност.