Исплатени 98,3 милиони денари субвенции за сите регистрирани земјоделци

од Ивана Рамаданова
318 прегледи

Платежната агенција денеска соопшти дека на сметките на вкупно 4.207 земјоделци се исплатени околу 98,3 милиони денари.

Станува збор за мерката „Дополнителна помош од 20 отсто на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување“.

Право на користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Овие корисници ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции на вкупаната исплатена сума по основни субвенции од 2017 година.

„Продолжуваме со неселективната исплата на субвенциите. Во еден ден, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање финансиска поддршка, се исплаќаат средствата за субвенции“, наведува Агенцијата.

Слични содржини