Испливаа тајни детали за мачењето во затворите на ЦИА

од desk2
133 прегледи

 

Мачењето на еден осомничен терорист на Ал Каеда опишано е до детали во новообјавените писма кои сегашната директорка на ЦИА, Џина Хасел, ги праќала во седиштето на агенцијата кон крајот на 2002 година, кога водела тајна американска притворска единица во Тајланд.

Се верува дека осомничениот Абд ел-Рахим ел Нашири учествувал во планирањето на бомбардирањето на бродот “USS Colea” во Јемен 2000 година, а ЦИА била уверена дека знае и за други планирани напади.

Агентите на ЦИА во текот на испитувањето на Ел-Наири сурово го мачеле на различни начини. Го осблекувале гол, го врзувале со синџири, го удирале од ѕидови, го затворале во мала кутија и симулирале егзекуции над него, како и котроверзниот метод „вотербординг“ кога преку лице му ставаат крпа и му сипаат вода од што има чувство дека се дави. Но, тоа се е спомнато во официјалните извештаи.

Многу детали кои се случувале со Ел=Нашири во текот на неколку седмици мачење на Тајланд не се објавени.

Тие се опишани во писмата кои ги објави Националниот сгурносен архив, приватен истражувачки институт, кој ги доби врз основа на законот за слобода на информација.

Секако, документите се коригирани и многу работи се скриени, но во нив е јасно дека Хаспел наредила агресивно мачење на осомничениот, штом е доведен во притвор.

Како што се наведува, веднаш му ја избричиле главата , и му ставиле синџири, а со часови го држеле во мала кутија каде седел склопчен.

Откако го удирале во ѕид, тој наводно почнал да ги оддава плановите на напади на бродови во Хормушкиот залив.

Во еден документ пишува дека во еден ден три пати е подложен на симулација на давње.

Исто така, често го држеле во темна просторија со качулка на глава во голема просторија.

Од документите се гледа дека техниките се менувале.

„Испитувачите му ја покриле главата на субјектот со качулка и го оставија да лежи на маса (по вотербординг), стенкајќи, тресејќи се и повторно молејќи го Бога да му помогне“, пишува во еден од документите од 12 ден на мачење.

Како што пишува, по пола час лежење, повторно е мачен со вода, а потоагол затоврен во мала кутија. Се наведува дека испитувачите одново и одново го мачеле на разни начини.