Истекува нафта од „Дружба“ преку кој Русија ја снабдува Европа

од Nikola Popovski

Полскиот енергетски оператор „PERN“ објави дека е откриено истекување на една од двете линии во западниот дел на гасоводот Дружба, со кој се транспортира руска нафта во Европа, пренесува „Anadolu“.

Нафтоводот Дружба, чие име на руски значи „пријателство“, е еден од најголемите во светот и го снабдува најголемиот дел од Централна Европа со руска нафта.

Истекувањето било пријавено на една од двете линии во западниот дел каде сурова нафта пристигнува во Германија, во близина на Чодеч во централна Полска, вечерта на 5 август, соопшти компанијата.

Се наведува дека е прекинат протокот на нафта.

Соопштено е дека втората линија работи без никакви промени и дека нема опасност по здравјето на локалното население.

Објавено е дека на лице место се противпожарната бригада и екипите за итни случаи на ПЕРН кои го обезбедуваат теренот, а истрагата за причините за инцидентот продолжува.

„PERN“ соопшти дека санацијата на оштетениот дел од гасоводот е започната и дека протокот ќе продолжи на 8 август.

Два милиони барели нафта дневно може да се транспортираат преку „Дружба“. Во моментов се наведува дека дневното количество транспортирана нафта е околу 1,5 милиони барели.

Протокот на нафта низ нафтоводот Дружба нагло опадна од почетокот на руско-украинската војна, а инфраструктурата на нафтоводот неколку пати беше погодена од напади за кои Москва ја обвинува администрацијата на Киев, но Украина го негираше нападот.

Слични содржини