Истекувањето на гасоводот „Северен тек“ загадува колку третина Данска

од Nikola Popovski

Истекувањето на гасоводот „Северен тек“ кој испумпува огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди шефот на данската агенција за енергија, Кристофер Бокау.

Бокау изјави дека истекувањето на гас од цевководите Северен тек 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Бокау. Тој не кажа кога ќе може да нурне таму за да ја види состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон.

Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри, од каде гасот врие и излегува на површината.

Сеизмолозите во вторникот соопштија дека биле регистрирани експлозии во Балтичкото Море и дека потоа било откриено необично истекување од два подморски гасоводи.

Се сомнева на саботажа, а некои европски претставници и енергетски експерти велат дека Русија најверојатно е виновна затоа што директно има корист од повисоките цени на енергијата и економските грижи низ Европа. Москва го негира ова.

Истекувањето од едната цевка Северен тек 1 и од цевката на Северен тек 2 се во данската економска зона, додека другата цевка Северен тек 1 што протекува е во шведската зона.

Слични содржини