Историја на европските избори

од Марта Пешевска
212 прегледи

Првите избори за Европскиот парламент се организирани во 1979 година.  Пред тоа, од 1958 до 1974 година, членовите на ЕП беа назначувани од националните парламенти на земјите-членки и сите членови имаа двоен мандат.

Одлуката и актот за одржување избори за Европскиот парламент преку избори со универзално право на глас беа потпишани во Брисел на 20 септември 1976 година.

По ратификацијата од страна на сите земји-членки, првите избори се одржаа на 7 и 10 јуни 1979 година. Тогаш беа избрани 410 членови. Оттогаш седум пати се одржаа избори.

Избори се спроведуваат веднаш во новите земји-членки, кога ќе се приклучат кон ЕУ, со цел да им се даде можност да ги изберат своите претставници во Европскиот парламент, дури и во средината на мандатот.

Таков е случајот со Грција во 1981 година, Португалија и Шпанија во 1987 година, Шведска во 1995 година, Австрија и Финска во 1996 година, Бугарија и Романија во 2007 година.

Пред април 2013 година избори се одржаа во Хрватска со цел да им се овозможи на членовите на ЕП од таа земја да заземат свои места кога ќе пристапат во ЕУ на 1 јули 2013 година.

Последните избори за Европскиот парламент се одржаа во 2014 година. Од 22 до 25 мај. Европските граѓани требаше да изберат 751 пратеник.

Членовите на ЕП претставуваат повеќе од 500 милиони граѓани во 28 земји-членки.

Според договорите на ЕУ, местата се распределуваат меѓу различните земји врз основа на следниов принцип: земјите со поголема популација имаат повеќе места од оние со помала популација, но тие, пак, имаат повеќе места отколку строго да се применува пропорционалноста.

Изборната активност за време на европските избори во 1979 година значително варира за различни земји-членки. Сепак, не се многу различни од тие за локалните избори во многу европски земји.

На овогодишните избори се очекува поголема избирачка активност и поактивно учество на проевропските гласачи, што всушност претставува огромно мнозинство на Европската унија.