Истрагата води до двајца актуелни пратеници и до уште еден обвинител

од Марта Пешевска
138 прегледи

Обвинителството за гонење организиран криминал истражува и евентуална одговорност на двајца актуелни пратеници кои биле во контакти со осомничените во најновата истрага, пренесува „А1 он“.

Во оваа фаза на истрагата, се испитуваат индиции за евентуална вмешаност на двајца пратеници од Собранието. Неофицијално, под лупа на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е уште еден јавен обвинител од специјалното јавно обвинителство за што се прибираат податоци.

повеќе