Милиони стари лица имаат облик на деменција која е погрешно дијагностицирана како Алцхајмерова болест, тврдат истражувачите.

Во истражувањето кое е објавено во магазинот „Brain“, наведено е дека новооткриениот облик на деменција има слични симптоми како и Алцхајмерова болест. Истражувачите наведуваат дека тоа делумно објаснува зошто лекот за деменција сè уште не е пронајден.
„Ова веројатно е најважниот труд за деменцијата кој е објавен во последните пет години“, рекол професорот Роберт Ховард.
Деменцијата е појава која првенствено означува оштетување на помнењето, а потоа и други интелектуални проблеми со помнењето и размислувањето. Постојат различни видови на деменција, а Алцхајмеровата болест е најчестиот и најистражуваниот облик.
Моментално не постои специфичен тест за деменција, а знаците некогаш се видливи на мозокот и после смртта. Научниците настојуваат да пронајдат лек за деменција, но со оглед на различните видови и причинителите за болеста, целта се покажала како тешка.
Испитувањата на лекови за намалување на протеини во мозокот за кои се сметало дека предизвикуваат Алцхајмерова болест, не успеале. Истражувачите велат дека со подобро сфаќање на новиот облик на деменција, доаѓаме до нови начини на третирање на истата. Тие составиле прирачник за подигање на свеста и го убрзале истражувањето на оваа болест.
„Овој облик на деменција бил присутен цело време, но дури сега го идентификувавме. Овој тип на деменција е еден од најчестите, па ова е појдовна точка за понатамошни истражувања и развивања на терапија. Нема сомнеж дека на многу луѓе на кои им е дијагностицирана Алцхајмерова болест, воопшто немаат Алцхајмер“, рекол Пит Нелсон, кој го водел истражувањето.
Истражувачите работат на пронаоѓање дијагностички тестови и конкретни третмани за различни типови на деменција.