Истражувачи развија нов сој на корона, стапката на смртност е 80 проценти

од Nikola Popovski
491 прегледи

Истражувачите од Американскиот универзитет во Бостон објавија дека за борбата против новите пандемии, развиле нов сој на корона по низа слични експерименти во светот.

Новиот сој е комбинација на омикрон и оригиналниот сој од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, пренесува „Fox News“.

Научниците го извлекле спајк протеинот од омикрон и го прикачиле на оригиналниот сој што беше регистриран на почетокот на пандемијата во Вухан.

Тие потоа снимиле како глувците реагираат на хибридниот сој и откриле дека тој е пет пати поинфективен од високо заразниот омикрон.

Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првовичниот сој, додека смртноста од хибридниот сој била 80 отсто.

Кога биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми.

Научниците објавија дека ова истражување е одобрено од Агенцијата за биосигурност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје и дека истражувањето ќе биде корисно во борбата против новите пандемии.

Слични содржини