Истражувачки филмски фестивал во Скопје

од Vladimir Zorba
87 прегледи

  Документарни филмови, работилници, дискусии и дебати за локални, регионални и светски теми поврзани со новинарските предизвици и потфати се дел од тридневната фестивалска програма на првото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје, што од денеска до 5 ноември ќе се одржи во кино „Култура“ во Скопје.

Отворањето на фестивалот е со прикажување на филмот „Да се биде укажувач“ на францускиот новинар и режисер Беноа Бринже, по што следи дискусија на тема „Укажувачи: „тајни“ играчи кои може да ја променат историјата“.

Фестивалот е во организација на Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи – ПИНА, во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.