Истражување на српски лекари: Покрај мирисот, коронавирусот го оштетува и слухот на пациентите

од Nikola Popovski

Првите резултати од истражувањето покажуваат дека коронавирусот може да делува и на слушниот нерв и да доведе до благ пад и оштетување на слухот, изјавил директорот на Клиниката за уво, грло и нос во Ниш, Душан Милисављевиќ, за порталот Нова.рс.

Институцијата го спровелапрвото истражување во Србија за можните штетни ефекти на коронавирусот врз слухот, со учество на околу стотина пациенти кои се лечеле од Ковид-19.

„Ова се прелиминарни резултати. Следната недела, по анализата, ќе видиме за колкав процент станува збор, но забележано е дека на високи фреквенции – од 4.000 до 8.000 херци – короната доведува до благо оштетување и губење на слухот. Ќе провериме дали е трајно во следната фаза“, вели Милисављевиќ и додава дека контролите на пациентите кои учествувале во прегледот треба да се направат за еден месец и по три месеци, што се следните фази на испитувањето.

Милисављевиќ потсетува дека коронавирусот влегува во нашиот организам преку носот и мукозната мембрана на хранорпроводот.

„Губењето на сетилото за мирис и чувството за вкус, кои се дел од веќе забележаните симптоми, се лекуваат од оториноларинголозите. Затоа, Клиниката во Ниш ги забележа ефектите на вирусот врз потенцијалните штети што можат да бидат трајни. Исто така, нè интересираше дали, покрај губењето на чувството за мирис и вкус, има и оштетување на аудитивниот нерв или внатрешното уво.

Имајќи предвид дека секој вирус може да го оштети секој нерв, дури и аудитивниот нерв, решивме да влеземе во црвената зона во еден период од пандемијата и да ги внесеме нашите помагала за мерење на слухот“, објаснил соговорникот за тоа како настанала оваа интересна и важна студија.

Милисављевиќ наведува дека претходните истражувања покажуваат дека мирисот и вкусот на некои пациенти се вратиле, но дека сè уште постои благо нарушување.

„Откако се излечија од Ковид-19, неколку пациенти рекоа дека чувствуваат мирис и вкус, но дека имаат благо нарушување и дека одредени мириси, како мирисот на бензин и кафе не им се исти. Потребно е повеќе време да се утврди дали вирусот трајно ги оштетил сетилата за мирис и вкус “, смета Милисављевиќ.

Слични содржини