Вакцината против коронавирус, развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, сега се дистрибуира до болниците низ Велика Британија во специјални контејнери со ниска температура.
Велика Британија ќе започне со вакцинирање во вторник и ќе биде првата западна земја што започнала со имунизација на населението. Околу 800.000 дози на вакцина се очекува да бидат достапни за употреба во вторник, ден што британскиот министер за здравство Мет Хенкок го опиша како „Ден на победата“.
Сепак, повеќе од една третина, или 35 проценти од Британците, најверојатно нема да се вакцинираат против коронавирус, покажува истражувањето спроведено од „Опиниум“ за „Обсервер“, пренесува Анадолија.
Околу 48% од Британците се загрижени дека вакцината не е безбедна, додека 47% од нив се загрижени дека нема да биде ефикасна, покажало истражувањето.
Повеќе од половина, 55 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени за несаканите ефекти од вакцинацијата.