Според истражувањето спроведено од Институтот Елабе за француската телевизија БФМТВ, мнозинството Французи биле „шокирани“ од спорот помеѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа.
64% од испитаниците стравуваат дека конфликтот ќе се прошири во Франција, додека 73% од Французите денес веруваат дека САД повеќе не се сојузници на Франција. Исто така, 76% од испитаниците стравуваат од проширување на воениот конфликт надвор од украинските граници, а дури 64% стравуваат дека конфликтот ќе стигне и до француските граници.
Речиси три четвртини од Французите кажале дека се „шокирани“, а 39% од нив „многу шокирани“ од расправијата што се случи меѓу американскиот претседател и неговиот украински колега во Овалната соба пред новинарите. За 59% од испитаниците, Трамп е одговорен за расправијата. Само 8% го обвинуваат Зеленски, а 19% ги обвинуваат двајцата лидери.
65 отсто од испитаниците велат дека имаат „добар впечаток“ за Зеленски, додека 34 отсто велат дека имаат „лош впечаток“. Од друга страна, Владимир Путин и Доналд Трамп се во полоша позиција: 86% имаат лош впечаток за Путин, а 80% за Трамп.
Мнозинството од испитаниците сакаат Франција да ја зголеми или да продолжи на ист начин да испраќа воена помош за Украина. Од друга страна, 18% сметаат дека оваа поддршка треба да се намали, а 17% да се прекине.
Подржувачите на владејачката либерална коалиција, како и партиите од левицата и десницата, поддржуваат испраќање помош во нејзината сегашна форма, додека гласачите на Националниот блок претставени од Марин Ле Пен најмногу сакаат помошта да се намали или запре.
Мнозинството Французи (68%) се против испраќање француски војници во Украина додека не заврши војната со Русија. Од друга страна, 67% се за испраќање војници по потпишувањето на мировниот договор со Москва за обезбедување безбедност и мир на украинска територија.
40% се за влез на Украина во НАТО по војната, а 30% веднаш. 29 отсто се против. 35% се за влез во Европската унија по војната, 31% веднаш, а 33% се против.