Истрели во Гази Баба: Се пукало во возило во движење

од Nikola Popovski

На 09.08.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Гази Баба Е.М.(27) од Скопје пријавил дека околу 11.45 часот на подрачјето на Гази Баба, додека управувал патничко возило „голф 5“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале и М.М.(62) и Љ.И.(27) од Скопје, нивниот сосед Џ.М. агресивно се однесувал и со пиштол испукал неколку куршуми кон возилото.

Повредени лица нема, а полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Слични содржини