Продолжението на хорор хитот „It 2“, чија премиера е планирана наесен, ќе ја содржи досега најкрвавата сцена во историјата на хорор филмовите, откри актерката Џесика Честејн.

– Не би требало да го откривам ова, но… Има сцена во филмот за којашто некој на сетот рече дека има најмногу крв отколку во која било хорор сцена во историјата, изјави Честејн.
Таа ја има една од главните улоги во вториот дел. Во другите улоги ќе ги гледаме Џејмс Мекавој, Џеј Рајан, Ксавие Долан, а Бил Скарсгард ќе ја повтори улогата на кловнот-убиец.
Режисерот Енди Мускиети изјави дек „It 2“ ќе биде многу пострашен од првиот од пред две години.
– Тоа беше приказна за детството, детската љубов, но и за смртта на едно детство. Секако, тоа е симболично, оти кога Пенивајз (кловнот-убиец) раскажува како тој јаде светови, говори за уништување на светот на мечтата и магијата, објасни режисерот.