Италија е втора во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус: Северниот регион во изолација, епидемијата не запира (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Во Италија, бројот на починати и заразени со коронавирус драматично се зголеми во последните 24 часа, и покрај воведувањето на карантин во Ломбардија и другите северни региони.

За само еден ден, во Италија ист број на луѓе починаа како и сите претходни денови, а таа земја стана втора во светот во однос на смртните случаи и заразените, пренесува Индекс.хр.

Агенцијата за цивилна заштита вчера соопшти дека бројот на заболени од коронавирус е зголемен за 25 проценти во последните 24 часа на 7.375 заразени лица, а бројот на загинати е зголемен за дури 57 проценти, за 133 смртни случаи, што е најголемото дневно зголемување откако земјата прогласи епидемија пред две недели.
Вкупниот број на смртни случаи на коронавирус во Италија е 366.

Невидените ограничувања опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат на сила до 3 април, со законот што го потпиша пред два дена премиерот Џузепе Конте.

Според новите мерки, странските туристи кои моментно живеат во Ломбардија и уште 14 северни региони погодени од вируси треба да заминат.

„Нема да има влегување или излегување од тие области освен ако не се докаже дека се поврзани со работата, некои причини за итни случаи или здравствени проблеми“, рече Конте.
Спортски настани и протести се откажани, а забрането е одење во кина, театри или музеи, како и собири на други јавни места.

Конте изјави дека возовите и авионите ќе продолжат да работат во и надвор од погодените области и додаде дека тие не треба да се нарекуваат „црвени зони“.Станува збор за градови и села на северот на земјата кои се ставени во карантин од страна на коронавируси.

На секој што ги крши новите правила, му се заканува казна затвор во траење од три месеци и парична казна до 260 евра, јавуваат италијанските медиуми.
Индекс наведува дека уште првиот ден од драстичните мерки создаде еден вид хаос во Италија, што всушност започна во саботата навечер, непосредно пред официјалното објавување на мерките и после тоа.

Илјадници луѓе, особено во Ломбардија, се обидоа да се качат на возови или да замина од изолираниот регион со автомобили.

Властите испратија стотици полицајци и здравствени работници кои ги проверуваа патници на станиците. Оние од Ломбардија се евидентирани и наредена им е самоизолација.