Италија го освои бронзениот медал на ЕП за одбојкарки

од desk2
246 прегледи

Италијанската одбојкарска репрезентација го доби натпреварот за 3. место на Европското првенство за жени. Италијанките попладнево во Анкара, во меч за бронзениот медал ја совладаа Полска со 3:0.

Во првиот сет резултатот беше 25:23, вториот заврши 25:20, додека третиот го доби со 26:24.

Вечерва се игра големото финале во кое ќе се соочат бранителот на трофејот Србија и домаќинот Турција.