Италија ќе ја пречека Македонија на стадионот на Палермо

од Nikola Popovski
228 прегледи

Фудбалската федерација на Италија потврди дека натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во Катар против селекцијата на Македонија ќе се одигра на стадионот Ренцо Барбера во Палермо.

Палермо и Болоња беа во игра, а на крајот како и што се најавуваше дека Палермо е фаворит, овој град го доби бараж натпреварот.

Капацитетот на стадионот во Палермо е 36.365 гледачи, изграден е во 1932 година, а целосно реконструиран во 1989.

Средбата ќе се игра на 24 март со почеток од 20:45 часот.

Победникот од овој бараж дуел ќе оди на гости кај подобриот од Португалија или Турција.