Италија најави први covid-free летови меѓу Европа и САД

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Италија ќе го лансира првиот воздушен мост „без ковид“ (covid-free) меѓу Европа и САД за патниците чии тестови на Ковид-19 се негативни, со што се укинува обврската за 14-дневен карантин за новодојденците.

Компанијата Aeroporti di Roma (ADR), кој управува со римскиот аеродром Фјумичино, денес објави дека е постигнат договор меѓу италијанската авиокомпанија „Алиталија“ и американската „Делта ерлајнс“ за специјални летови меѓу одредени северноамерикански градови и Рим од декември.

Слични воздушни коридори ќе бидат тестирани и меѓу Рим и Минхен и Франкфурт во Германија, рече истиот извор.

Иницијативата следува по лансирањето на вакви домашни летови меѓу Рим и италијанскиот финансиски центар Милано во септември.

„Новите протоколи за патувања предвидени експериментално на летовите од САД до Фјумичино постепено ќе им бидат предложени на патниците од декември“, се вели во соопштението.

„Целта на експерименталната фаза е да се процени ефикасноста и функционалноста на новиот начин на патување со цел да се направат патувањата подостапни во подготовките за летната сезона 2021 година“, се вели во соопштението.

Се предвидува дека патниците кои пристигнуваат од аеродромите JФК во Њујорк и Њуарк и Атланта во САД можат да избегнат задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од САД, доколку направат тест за коронавирус 48 часа пред поаѓање и уште еден при слетување во Рим.

Аеродромот во Рим веќе има брзи тестови за антиген за патниците по пристигнувањето, чии резултати се познати за 30 минути.

Слични содржини