Италија: Најмалку осум жртви во поплавите, училиштата затворени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица загинаа поради поплавите во италијанската област Емилија-Ромања, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, соопштија властите, пренесува АНСА.

Практично сите водотеци меѓу Римини и Болоња се излеаја од вчера навечер до утрово, поплавувајќи огромни области на Ромања.

Локалните власти соопштија дека поплавите зафатија 37 градови и населени места, а регистрирани се и околу 120 одрони.

Училиштата денеска ќе останат затворени во повеќето од погодените општини, особено во регионот на Болоња и Ромања.

Слични содржини