Италија: Се преврте брод на езерото Маџоре, патниците биле тајни агенти

од Stefanija Kuzmanovska

Четири дена по несреќата на езерото Маџоре, во италијанската област Ломбардија, во која загинаа четири лица, откриено е дека сите на потонатиот брод биле поранешни или сегашни тајни агенти.

Според италијанските медиуми, сите туристи кои го изнајмиле бродот од 16 метри биле агенти на израелскиот Мосад и италијанската тајна служба Аиса.

Оваа информација немаше да ѝ стане позната на јавноста да не беше несреќата, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини