Семејствата на жртвите од коронавирусот поднеле 50 пријави до обвинителството во Бергамо, што е прва ваква акција во Италија, каде пандемијата однесе речиси 34.000 животи.
Членовите на Комитетот „Вистината и правдата за жртвите од Ковид-19“, група од 55.000 членови на Фејсбук, доставиле 50 пријави до обвинителот во Бергамо, Ломбардија, епицентарот на пандемијата на вирусот.
„Не сакаме одмазда, ние сакаме правда“, објаснува Стефано Фуско (31), еден од основачите на групата на Фејсбук, чиј дедо починал од коронавирусот во март.
Во тужбите се наведува сè што преживеале семејствата, како што се недостаток на информации, недоволна грижа и друго. По разгледувањето на пријавите, обвинителството треба да размисли дали да поведе постапка.
Фармацевтката Кристина Лонгини го загубила својот татко Клаудиј (65), кој починал во болницата во Бергамо. Брзата помош најпрво одбила да го прими под изговор дека нема проблеми со дишењето, вели таа, додавајќи дека во единицата за интензивна нега во болницата немало бесплатни кревети за пациенти со коронавирус.
„И кога тој почина, тие заборавија да не повикаат. На крајот, отидов да го идентификувам телото, тоа беше едвај препознатливо“, вели оваа жена и додава дека во болницата ѝги дале личните предмети на нејзиниот татко, кои биле контаминираи и ставени во вреќа со ѓубре.
Бидејќи немаше место за нејзиниот татко да биде погребан во една од локалните гробишта, ковчегот бил транспортиран заедно со десетиците други со воен камион до непозната локација, а семејството на крајот открило дека мажот е погребан 200 километри, односно дознале кога по пошта ситгнала сметката за трошоците за погреб.
„Бараме правда за жителите на Бергамо, Бреша и други. Мораме да го расветлиме односот на управувањето со ситуацијата во итни случаи, за да разбереме кој направил какви грешки и од каков вид. Провинциите Бреша и Бергамо имаа повеќе смртни случаи поради коронавирусот отколку целата држава. Не можеме да се преправаме дека ништо не се случило“, изјавил претседателот на комисијата, Лука Фуско.
Една од подносителите на пријавите, Лора Капели, објаснува за АФП дека не бараат пари, туку само правда и вистина.
„Парите никогаш нема да ни ги вратат нашите мајки и татковци“, рече таа.
Поднесени се судски спорови против неидентификувани лица, а, како што е наведено од Комитетот, се подготвуваат уште 150 пријави.