Италија со пад на бројот на заразени со корона

од Vladimir Zorba

Денес, Италија забележува пад на бројот на заразени со коронавирус, откако пет дена по ред, таа бројка благо растеше.

Според податоците на Министерството за здравство на таа земја, во изминатите 24 часа се евидентирани уште 192 случаи на коронавирус, додека претходниот ден тој број бил 235.

Така, вкупниот број случаи се искачи на 241.611.

Во Италија денес се регистрирани уште седум смртни случаи, а вкупно 34.861 луѓе загинаа во таа земја досега.

АП известува, повикувајќи се на италијанските власти, дека зголемувањето на бројот на случаи во претходните денови придонеле жариштата, за кои се виновни заразени лица кои влегле во Италија.

Меѓу нив е, наводно, бизнисмен од североисточна Италија, кој се разболел откако се вратил од Србија, но и покрај треската, присуствувал на погреб и роденденска забава набргу по враќањето во земјата.

Тој сега е на интензивна нега.

Слични содржини