Хотели во италијанскиот средновековен град Асизи нудат бесплатен престој на луѓето кои же направат таму бебе, објави БиБиСи . Паровите кои же докажат со сертификат за раѓање, дека бебето им се родило девет месеци по престојот во Асизи, ќе добијат бесплатен следен одмор или парите за минатиот престој во хотел, ќе бидат вратени.

Иницијативата е на локален општински советник за туризам. Таа цели истовремено да се стимулира локалниот туризам и наталитетот во земјата, кој е понизок.
Некои локални власти сепак се дистанцира од проектот како “несоодветен за јавниот имиџ на Асизи”.
Наталитетот во Италија е најнизок во Европската унија и една од најниските во светот. Во 2015 година се родиле само осум бебиња на 1000 Италијанци.