Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани донираше 1,25 милиони евра во четири италијански болниви и националната Агенција за цивилна заштита, со цел да допринесе за спречување на ширење на епидемијата од коронавирус во Италија.
„Модната куќа Армани донираше 1,25 милони евра за три болници во Милано и Спаланзани, како и на Агенцијата за цивилна заштита“, соопшти во понеделникот портпаролката на компанијата.
Поголемиот број вработени во миланската групација работат од дома, а во призводствените погони се работи со што помал број на луѓе, рекла портпаролката.
За само нешто повеќе од две недели, бројот на евидентирани случаи на заразени со коронавирусот во Италија, порасна на 7.375, со 366 смртни случаи, значително оптеретувајќи го здравствениот систем.
Антонио Песенти, шеф на регионалната канцеларија на Ломбардија за кризни состојби, рекол дека здравствениот систем во регионот е на чекор до колапс, со оглед на тоа дека одделите за интезивна нега се под се поголем притисок поради новите случаи.
Италијанската влада во неделата одлучи да го блокира пристапот до градовите и општините со најмногу заразени во регионот на Ломбардија и Венето.