Италијанските земјоделци ќе одржат уште една средба во Министерството за земјоделство

од Radmila Tasevska

Андреа Папа, еден од портпаролите на земјоделската групација „Земјоделски спас“, која е дел од движењето што ги организираше протестите со земјоделска механизација на повеќе места во Италија, денеска изјави дека здруженијата на земјоделци се повикани на нови преговори во Министерство за земјоделство, пренесоа италијанските медиуми.

Протестното движење на фармерите се чинеше дека се подели на про и антивладини кампови во саботата, откако премиерот Џорџија Мелони вети помош за време на разговорите со земјоделските здруженија во петокот.

Дел од земјоделците по разговорите во саботата со премиерката Џорџа Мелони, изразија задоволство и решија да ги прекинат протестите. Други, вклучително и Папа, рекоа дека разговорите довеле само до „ветувања“ и се заканија дека протестите ќе продолжат.

Меѓу обврските преземени во петокот од страна на владата беше и откажувањето од плановите за отстранување на ослободувањето на земјоделците од плаќање бруто данок на доход. Владата рече дека ќе ги промени даночните ослободувања за подобро да ги таргетира оние на кои им е потребна.

Италијанскиот министер за парламентарни односи Лука Чириани изјави дека владата денеска ќе ги претстави ветените мерки како амандман на нацрт-законот за кој моментално се гласа во парламентот.

Слични содржини