Италијанците најмногу ќе имаат корист од продажбата на Челси?

од Vladimir Zorba

Продажбата на Челси сигурно ќе предизвика огромни промени во самиот клуб, не само надвор од теренот, туку и внатре во него.

Новинари блиски до клубот наведуваат дека и челниците на спортскиот сектор размислуваат за продажба на голем број играчи за да го стабилизираат клубот, а тоа го привлече вниманието на многу европски клубови.

Се издвојуваат оние од Италија.

Ромелу Лукаку се поврзува со Интер и Милан, репрезентативецот на Италија, Жоргињо би можел да ги засили Јувентус, Милан или Лацио, кој е заинтересиран и за Рубен Лофтус-Чик и Кепа Аризабалага.

Наполи и Милан го сакаат Хаким Зијеч, засега непознати клубови од Апенините размислуваат за Маркос Алонсо и Тимо Вернер, но постојат сите шанси да ги чекаат новите сопственици кои најверојатно ќе бидат отворени за преговори за статусот на многу играчи.

Познато е и дека Италијанците често купуваат „на попуст“, па ќе видиме колку ќе бидат „дарежливи“ новите челници на Челси …

Слични содржини