Иванов ги смета Миленко и „Спутник“ за „фејк њуз“ и не ги коментира!

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Вчера руски „Спутник“ пренесе изјава на шоуменот Миленко Неделковски според која, на средбата претседателот Ѓорге Иванов наводно му се заканувал на претседателот на советот на Европа, Доналд Туск, дека ќе им пуштел цунами од мигранти ако Европа продолжи да го поддржува Зоран Заев.

milenko-ivanov-3-1

Либертас упати прашање до Кабинетот на Иванов за да ја искоментира изјавата на Миленко.

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, не коментира лажни вести. Ставовите на претседателот Иванов се јавно искажани“, стои во одговорот кој го добивме од таму.

Зачудувачки е зошто Иванов го смета Миленко Неделковски како извор на лажни вести, кога своевремено го шеташе на службено патување во Кина како дел од новинарската придружба, коментира Либертас.

ivanov-novinari-kina-1

Инаку, Миленко во веста на порталот е претставен како аналитичар и вели дека цунамито од мигранти би бил легален чекор на Иванов затоа што тој немал обврски спрема Туск туку кон граѓаните на Македонија.

.