Не се помилувани учесниците во насилниот упад во Собранието на „крвавиот четврток“.

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов по повод Националниот празник на Македонија – 2 Август, помилува 58 лица.
Дваесет осуденици добиле помилување од по 3 месеци, девет од по четири месеци и шест осуденици се ослободуваат од издржување на затворска казна од по половина година. На листата на претседателот, која е објавена во Службен весник, се најдоа тројца осуденици од Идризово кои се издржуваат затворска казан за убиство. Останатите затвореници кои се помилуваат, се осудени за кражби, разбојништва и измама.
На листата не се насилниците од упадот во Собранието, од „крвавиот четврток“ иако организацијата „Тврдкорни“ побараа официјално да бидат аменстирани за нападите поистоветувајќи ги нивните наади и обди за убиства на ратеници со дејствувањето ан ОНА за време на конфликтот во 2001. Веројатно со тоа направија превид или индиректно признание поради тоа што во 2001 прва стануваче сбор за насилно и воено уривање на поредокот, а за упадот во собранието тие тврдеа дека бил спонтан протест „За заедничка МАкедонија“ и дека немале оружје.