Иванов за импичмент: Веднаш да се покрене постапката за утврдување на одговорноста

од Vladimir Zorba

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за негов импичмент како реакција на изјавата на Заев во емисијата „Само Вистина“ на ТВ „Канал 5“, доколку тој не го потпише договорот за името со Грција, ако граѓаните на референдум се изјаснат позитивно.

„Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент“, вели Иванов во пишаната изјава до медиумите./СДК

Слични содржини