Ивановска: Судијата кој е во непосредно сродство со семејството Костовски треба да биде изземен

Во рамки на своето гостување во Алсат, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, одговори што треба да се случи со судијата кој е дел од Уставниот суд во рамки на одлучувањето за Еуростандард Банка, а кој е во непосредно сродство со синот на Трифун Костовски, Коста.

„Ние не сме добиле допис од Уставниот суд, бидејќи треба да видиме што ќе бараат. Но, мислам дека не е од етички аспект, да има средства во банката со цел да се направи судир на интереси, како што беше случајот со Нина Ангеловска. Оттаму, конкретниот судија кој има непосредно сродство со инволвиран во случајот, треба да биде изземен или да пријави судир на интереси“, истакна Ивановска.

Слични содржини