„Ивермектинот“ ќе се издава на розев рецепт

од Берта Китинска
540 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека матичните лекари вчера добиле протокол за лекување со Ивермектин.

-До крајот на неделата, Лекарската комора ќе организира онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат протоколите, а веќе следната недела ќе биде организирана и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот, вели Филипче.

Овој лек не е на позитивната листа на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

-Ивермектинот се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт. Апелираме до граѓаните неговата примена да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација, вели Филипче.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација. Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.

Слични содржини