ИВЗ го осудува повикот на молитва за политички цели на кандидатот на Левица (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија, најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели која во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од Левица за Шуто Оризари, Тефик Махмут, предводеше исламска молитва (намаз) и преку мегафон се учеше езан во центарот на градот, пред Владата.

„Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели. Вчера пред Владата бевме сведоци на политички митинг, каде што беа злоупотребени исламските верски обреди – исмејување на езанот и намазот за политичка цел.Остануваме со надеж дека таквите примитивни дејствија – со злоупотреба на религијата, нема да се повторат во иднина“, се наведува во реакцијата на ИВЗ.

Слични содржини